недела, 14 декември 2025

Финскиот претседател: Путин го претрпе најголемиот стратегиски неуспех во модерната историја

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не успеал да ги постигне целите на војната во Украина, опишувајќи ја како „најголем геополитички пораз во модерната историја“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Шефот на Руската Федерација доживеа неуспех во апсолутно сите свои стратегиски цели. Ова е можеби најголемиот стратегиски геополитички неуспех во модерната историја“, рече Стаб во интервју за финската телевизија Иле.

Како доказ за своето тврдење, финскиот претседател го наведе пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, како и одлуката на членките на Алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП. Тој нагласи дека Европа мора да продолжи да ја поддржува Украина и да ѝ обезбеди побрз пат кон НАТО, нагласувајќи дека „територијалните загуби не смеат да се прифатат како нова реалност“.

Стаб неодамна изјави дека односите меѓу Москва и Хелсинки можат да се нормализираат само по завршувањето на војната во Украина, истакнувајќи дека двете земји ги поврзуваат географската близина и заедничката историја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ