понеделник, 9 февруари 2026

Филмски напад во Италија: разбојници разнеле возила за превоз на пари (ВИДЕО)

Утринава на брза сообраќајница во Италија што ги поврзува Лече и Бриндизи се случил драматичен оружен напад врз возилa за превоз на пари. Инцидентот се случил кај местото Тутурано, а според првичните информации имало и пукање, јавува Раи њуз.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Со брза акција на полицијата од Лече, уапсени се две лица за кои се сомнева дека се членови на банда. Тие биле лоцирани на подрачјето на северен Салент, каде што силите на редот веднаш ја насочиле потрагата. Истрагата е во полн тек, бидејќи се трага по останатите членови на групата.

Според најновите сознанија, напаѓачите разнеле дури две, а не само едно возило за превоз на пари, како што првично се веруваше, јавува Раи њуз. Нападнатото возило ѝ припаѓа на компанијата БТВ Батистоли, а разбојниците, за да го запрат, попречиле друго возило на патот и го запалиле. На местото на настанот веднаш пристигнале пожарникарите и полицијата.

По нападот, државниот пат Бриндизи–Лече привремено е затворен за сообраќај во двата правци. Екипите на компанијата Анас, задолжена за одржување на патиштата, и полицијата се на терен, го регулираат сообраќајот и работат на што побрзо воспоставување на нормалната состојба, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ