понеделник, 14 април 2025

Филипинските и американските воздушни сили започнаа заеднички вежби за зајакнување на „стратешкото одвраќање“

Филипинските и американските воздушни сили денеска почнаа заеднички вежби со цел зајакнување на оперативната координација и „стратешкото одвраќање“, соопштија филипинските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Подобрување на борбената готовност и ефективноста на заедничката мисија“ ќе биде во центарот на оперативната вежба насловена како Коуп тандер“, рече началникот на филипинските воздухопловни сили Артур Кордура на свеченото отворање на вежбата.

Манила и Вашингтон ја зајакнаа одбранбената соработка откако филипинскиот претседател Фердинанд Маркос ја презеде функцијата во 2022 година. Тој се противи на територијалните претензии на Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Кина тврди дека има суверенитет над голем дел од островите и гребените во ова море, вклучувајќи ги и водите и островите во близина на бреговите на неколку соседни земји.

САД минатата недела одобри продажба на 20 борбени авиони Ф-16 на Филипините, иако Манила рече дека договорот „сè уште е во фаза на преговори“.

„Темпото на нашиот сојуз се забрзува“, рече американскиот генерал-мајор Кристофер Шепард на церемонијата.

Вежбите, кои ќе траат до 18 април, ќе бидат на островот Лузон, регионот на Филипините најблиску до Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ