вторник, 20 мај 2025

Филипини: Возило влета во влезот на аеродромот, две лица загинаа

Возило утрово влета во влезот на аеродромот во Манила, Филипини, при што загинале две лица, меѓу кои и едно мало девојче, соопштија официјални лица.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Филипинскиот Црвен крст соопшти дека девојчето кое починало имало четири години, додека другата жртва е возрасен маж, пренесува Асошиејтед прес.

Во инцидентот се повредени уште три лица на кои им е укажана лекарска помош во болница, изјави министерот за здравство.

Компанијата што управува со аеродромот соопшти дека полицијата го привела возачот на камионот и дека се координира со властите за да се истражи инцидентот.

Десетици екипи на службите за итни случаи можат да се видат на меѓународниот аеродром Ниној Акино, собрани околу црн џип кој се удри во ѕид близу влезот. Возилото подоцна било отстрането од местото на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ