недела, 7 декември 2025

Фицо: Словачка нема да учествува во ниедна програма на ЕУ чија цел е финансирање на воената помош за Украина

Словачка нема да учествува во ниедна програма на Европската Унија која има за цел финансирање на воената помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави денес премиерот Роберт Фицо, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Словачка ја суспендираше државната воена помош за Украина кога владата на Фицо дојде на власт во 2023 година, но сепак дозволи комерцијална продажба на оружје. Фицо по прашањето на војната се разликува од повеќето земји од ЕУ, тврдејќи дека решението не треба не се наоѓа на бојното поле.

Лидерите на ЕУ се согласија во четврток да ѝ помогнат на Украина да ги задоволи „итните финансиски потреби“ во текот на следните две години, но ја одложија одлуката за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на заем од 140 милијарди евра за Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека парите би можеле веднаш да се искористат за зајакнување на воздушната одбрана, авијацијата и позициите на фронтот.

„Одбивам да дозволам Словачка да учествува во каква било финансиска шема насочена кон помош на Украина за финансирање на воените и воените трошоци“, кажа Фицо на телевизиска прес-конференција.

Фицо ги критикуваше и санкциите на ЕУ против Русија поради војната во Украина, тврдејќи дека тие повеќе ѝ штетат на Европа отколку на Русија.

Словачка и Унгарија, кои се купувачи на руски енергенси, сега се соочуваат со предизвици поради американските санкции врз руските нафтени компании Роснефт и Лукоил, кои треба да стапат на сила следниот месец.

На прашањето за тие ризици Фицо кажа дека словачката рафинерија Словнафт е дел од унгарската нафтена и гасна група МОЛ и дека самата не е купувач на нафта.

„Во моментов не го гледаме тоа на тој начин“, кажа Фицо во своите први коментари откако САД ги објавија санкциите минатата недела.

Во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбанкажа дека Унгарија работи на наоѓање начини за заобиколување на американските санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ