недела, 21 декември 2025

Фицо: Самитот на Алјаска ѝ покажа на Европа дека железната завеса не е решение

Патот кон решавање на проблемот не е во нови санкции, а самитот на Алјаска беше огледало пред Европската Унија, кажа словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Самитот на Алјаска постигна неколку задачи. Прво, го отфрли црно-белиот поглед на конфликтот во Украина. Во суштина, се чинеше дека избриша една единствена гледна точка за конфликтот, која ја пропагираа администрацијата на (поранешниот претседател на САД Џо) Бајден и оние кои до ден-денес се нарекуваат група влијателни играчи во Европската Унија“, кажае Фицо во видео обраќање.

Конфликтот во Украина има свои историски корени, потсети тој, и повика на еднаква дискусија за безбедносните гаранции – и за Украина и за Русија.

„Второ, самитот ги стави европските лидери и претставниците на нашата опозиција кои би сакале нова железна завеса меѓу Европа и Русија пред огледало. Патот не е преку навреди кон руското политичко раководство или санкции, туку преку конструктивни разговори“, рече премиерот.

Според него, средбата меѓу Путин и Трамп официјално го започна процесот на нормализирање на односите меѓу Соединетите Американски Држави и Руската Федерација.

Тој, исто така, рече дека е започнат многу важен процес „кој претставува голема стапица за Европската Унија“.

„Наредните денови ќе покажат дали главните играчи на ЕУ ќе го поддржат овој процес и дали ќе го доведат украинскиот конфликт до брз крај или ќе продолжи несреќната европска стратегија за обид да се ослаби Русија преку овој конфликт со неверојатна финансиска, политичка и воена помош за Киев“, заклучи Фицо.

Како што наведува, најважниот дел од самитот на Алјаска беше средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи политичарите треба да се сретнат, да разговараат и да се обидат да се разберат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ