сабота, 20 декември 2025

Фицо побара од НАТО да ја зајакне противвоздушната одбрана на Словачка

Словачка бара НАТО да ја зајакне воздушната одбрана во земјата која е дел од нејзиното источно крило, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо по состанокот со генералниот секретар на западната воена алијанса.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот во Братислава со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, Фицо ги бранеше и плановите на Словачка сама да одлучува за брзината и структурата на трошоците за одбрана во наредните години, додека повеќето членки на НАТО ги зголемуваат тие инвестиции.

Словачка се спротивстави на политиката на Европската Унија да ѝ плаќа на Украина за конфликтот со Русија од 2022 година, а Фицо на состанокот со Руте повтори дека неговата влада нема директно да испраќа смртоносно оружје во Киев, но ќе дозволи комерцијални договори.

„За време на разговорот, тој побара од генералниот секретар и да ја зајакне воздушната одбрана во Словачка“, објави словачката влада во соопштението по синоќешниот состанок, но не даде дополнителни детали.

Во последните години Словачка се обидува да ги зајакне своите противвоздушни капацитети и набави противвоздушни одбранбени системи од Израел и купи нови борбени авиони Ф-16. Тоа е една од земјите-членки на ЕУ на источното крило која во септември се согласи дека е неопходно да се изгради „ѕид од дронови“ со напредна технологија за детекција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ