„Не гледам никаков голем притисок. Кога навистина би сакале Зеленски повторно да го отвори нафтоводот Дружба, би бело доволно да кажат една реченица: „Володимир, драги, нема да ги добиеш 90-те милијарди додека не го отвориш нафтоводот“. Но, никој нема да му го каже тоа, бидејќи омразата кон Русија е посилна од здравиот разум“, кажа Фицо на прес-конференција по состанок на владата.
Тој кажа дека не гледа никакви постојани обиди од страна на Европската комисија да обезбеди повторно отворање на нафтоводот Дружба.
Зборувајќи за претстојните избори во Унгарија, Фицо кажа дека ако партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи, ќе има обиди на меѓународно ниво да се доведе во прашање неговата победа.
„Со такво ниво на медиумско внимание и застапеност на политичките партии и невладините организации, невозможно е да се замисли дека некој би манипулирал со изборите“, кажа Фицо.
Тој додаде дека во таков случај цврсто ќе застане на страната на Орбан.
„Мораме да го следиме ова, бидејќи е неприфатливо изборите во земјите со богати демократски традиции да се поткопуваат само за геополитички цели или интереси на други земји“, оцени Фицо.
Според него, односите меѓу Словачка и Унгарија би можеле да се влошат ако победи кандидатот на опозицијата Петер Маѓар.
„Ако владата предводена од овој опозициски лидер навистина го спроведе во пракса она што го кажува во изборната кампања. А да не зборуваме дека изјавите упатени до словачката влада не се секогаш она што го очекувам“, кажа Фицо.






