вторник, 15 јули 2025

Фицо: Ќе ги блокираме европските санкции против Русија ако им наштетат на нашите интереси

Словачка ќе блокира какви било санкции на Европската Унија против Русија доколку тие им наштетат на националните интереси, објави премиерот Роберт Фицо откако парламентот усвои резолуција со која се повикува владата да не поддржува нови мерки.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Фицо рече дека Словачка сака да остане конструктивен член на Унијата, но ја нарече резолуцијата политичка алатка со силна порака. „Доколку има санкции што ќе ни наштетат, никогаш нема да гласам за нив“, рече Фицо на прес-конференција објавена на страницата на неговата партија на Јутјуб.

Словачка, членка на НАТО и Европската Унија, зазеде поинаков став кон Украина под водство на Фицо и неговата левичарска националистичка коалиција од нејзините западни сојузници и ја прекина воената помош за Киев. Новата резолуција, одобрена на ретко посетена парламентарна седница, ги обврза членовите на владата да не гласаат за нови санкции и трговски ограничувања кон Русија.

Фицо рече дека не поддржува никаква мерка што би го запрела увозот на руско гориво за нуклеарните централи во Словачка.

„Заинтересиран сум да бидам конструктивен играч во Европската Унија, но не на штета на Словачка“, нагласи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ