„Сериозно грешиме ако веруваме дека некој ќе се справи со Руската Федерација преку војната во Украина. Ова е најголемата грешка. За жал, Украинците пред сè ќе ја платат цената за оваа грешка“, кажа Фицо на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој е во официјална посета на Братислава.
Тој исто така рече дека е „убеден дека мировните преговори се намерно попречени“.
„Свесно. Нема искрен интерес за мирно завршување на овој конфликт што е можно поскоро“, кажа словачкиот премиер, оценувајќи дека преземените чекори „попрво укажуваат дека конфликтот во Украина ќе продолжи уште многу месеци“.
Русија тврди дека испораките на оружје во Украина го попречуваат решавањето на конфликтот и директно ги вклучуваат земјите од НАТО. Кремљ изјави дека вооружувањето на Украина од страна на Западот е контрапродуктивно за преговорите и ќе има негативен ефект.






