недела, 21 декември 2025

Фицо: Да не го поддржуваше ЕУ конфликтот во Украина тој одамна ќе беше готов

Конфликтот во Украина можеше одамна да заврши доколку Европската Унија вложeшe толку труд за постигнување мир колку што моментално вложува во тоа да го поддржи, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овој конфликт требаше да заврши одамна. Зошто сè уште трае? Затоа што некој го поддржува. Можеше да заврши три месеци откако започна, но некој рече: не, не, не“, истакна Фицо.

Тој истакна дека целта на неговата влада е да го заврши овој конфликт што е можно поскоро.

„Ако Европската Унија вложи толку труд за постигнување мир колку што вложува во поддршка на конфликтот во Украина, можеше да заврши одамна“, кажа Фицо.

Фицо претходно изјави дека Западот се надевал дека ќе ја искористи Украина за да ја ослабне Русија, но дека не успеал и нема да успее.

Тој се осврна и на обвинувањата за создавање „ѕид од беспилотни летала“ во Европа, истакнувајќи дека за тоа нема конкретен проект.

„Немам што да коментирам бидејќи во моментов нема ништо слично. На експертско ниво се води дискусија за најдобриот начин за соборување беспилотни летала. Користењето борбен авион со ракета од 300.000 евра кон беспилотно летало кое чини пет илјади евра сигурно не е најдобриот начин за соборување беспилотно летало. Треба да разговараме за тоа, но нема европски проект за одбрана од беспилотни летала“, објасни Фицо.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ја иницијативата за создавање „ѕид од беспилотни летала“ во Европа, изјави дека, како што покажува историјата, градењето ѕидови е секогаш лоша работа и дека тоа би било материјализација на милитаристичката политика на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ