сабота, 12 јули 2025

Фајненшал тајмс: Трамп порано го напуштил самитот Г7 поради Макрон и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти самитот на Г7 оваа недела порано од планираното, бидејќи го налутил францускиот претседател Емануел Макрон и бидејќи не бил заинтересиран за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фајненшл тајмс истакнува дека НАТО го скрати претстојниот самит на лидерите во Хаг на само една работна сесија за да избегне повторување на предвременото заминување на Трамп, што се случи за време на самитот на Г7 оваа недела во Канада.

При заминувањето од самитот, Трамп кажа: „Морам да се вратам порано од очигледни причини“.

„Луѓе запознаени со дискусиите кажаа дека неговата одлука да замине е резултат на иритираноста од Емануел Макрон, кој го посети Гренланд и се спротивстави на плановите на Трамп да ја преземе контролата врз островот, како и на недостигот од интерес на американскиот претседател да се сретне со украинскиот лидер“, пишува Фајненшл тајмс.

Откако Трамп го напушти самитот, Макрон изјави дека Трамп заминал за да работи на прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Сепак, набрзо стигна реакцијата на Трамп.

„Љубителот на публицитет, францускиот претседател Емануел Макрон, погрешно кажа дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон и да работам на „прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Погрешно! Нема поим зошто сега сум на пат кон Вашингтон, но тоа сигурно нема никаква врска со прекинот на огнот. Многу е поголемо од тоа. Без разлика дали намерно или не, Емануел секогаш греши“, напиша Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ