Покрај основната плата, Лагард добива и околу 135.000 евра за трошоци за домување и други бенефиции. Дополнително, околу 125.000 евра ѝ легнуваат на сметка за нејзината улога како член на одборот на директори на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Интересно е што овие хонорари и дополнителни плати воопшто не се споменуваат во годишниот извештај на Европската централна банка.
Европската централна банка, за разлика од компаниите котирани на берзите на ЕУ, не подлежи на строгите правила кои бараат објавување на сеопфатни и веродостојни информации за надоместоците на директорите. Токму поради ова Фајненшл тајмс дошол до својата пресметка анализирајќи ги годишните извештаи на ЕЦБ и БИС, како и технички документ кој ги опишува условите за надоместоците за високите функционери на ЕЦБ.
Треба да се напомене дека оваа проценка, како што пишува Фајненшл тајмс, поради недостиг од релевантни податоци, не ги вклучува пензиските придонеси или трошоците за здравствено и здравствено осигурување кои ЕЦБ ги плаќа за претседателката Лагард. Ова значи дека нејзиниот вистински вкупен приход би можел да биде поголем од проценетите 726.000 евра.






