петок, 13 јуни 2025

Фајненшал тајмс: Како Украина изгуби стотици милиони на лоши зделки за оружје

Фајненшл тајмс објави детална анализа на голема истрага за финансиски и корупциски неправилности во системот за воени набавки на Украина за време на војната со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ФТ пишува дека Украина склучила голем број договори со разни меѓународни посредници и компании за набавка на оружје, муниција и воена опрема. Иако стотици милиони долари биле платени однапред, робата честопати никогаш не беше испорачана, се испорачувала само делумно или била неупотреблива кога стигнувала на фронтот.

Случајот со набавка на муниција од Хрватска

Томас Накур и Александр Лиев, двајца поранешни раководители на одделот за воени набавки на Украина, се под истрага за потпишување сложен договор за набавка на гранати со потекло од Хрватска, пишува Фајненшл тајмс.

Според сомневањата на истражителите, тие двајца платиле аванс од 12,5 милиони долари за набавка на муниција, но овие пари биле несоодветно потрошени од разни посредници вклучени во трансакцијата во Хрватска.

Накур и Лиев оттогаш се отпуштени, отфрлајќи ги обвинувањата за проневера, истакнувајќи дека работеле под огромен притисок во време кога Украина се бореше за својот опстанок и очајно бараше оружје и муниција.

„Украинскиот Генералштаб сакаше сто пати повеќе отколку што можевме да купиме на пазарот“, кажал, меѓу другото, Накур, кој ги одговорноста за лошите зделки ја префрлил на „лошите актери“ на пазарот на оружје.

Украина платила 770 милиони долари однапред за оружје што никогаш не го добила

Други актери кои се под истрага тврдат дека насекаде барале оружје и муниција, дека во февруари 2022 година Украина имала муниција само за два месеци војување и дека биле на милост и немилост на посредници кои ги покачиле цените и ѝ продавале оружје на Украина по четири пати повисока цена.

Сепак, како што пишува ФТ, истрагите покажале коруптивни практики и измами на украинската страна од овој синџир на снабдување.

Милиони, како што објави ФТ, завршиле кај посредници, а оние поврзани со Хрватска се само капка во морето од милионите што Украина ги изгубила на пазарот на оружје.

Според украинското министерство за одбрана, дури 770 милиони долари биле платени однапред за оружје кое никогаш не било испорачано. Во исто време, некои странски компании тврдат дека биле жртви на корупција и судир на интереси на украински функционери.

Спорни набавки во Србија и американски посредници

Фајненшл тајмс пишува дека и набавките во Србија се спорни. Во центарот на тој дел од истрагата е трговец со оружје од Аризона, Танер Кук. Кук, како што пишува ФТ, соработувал со компанијата ОТЛ која склучила договор со украинската компанија Прогрес за набавка на минофрлачки мини и гранати од Србија. Прогрес платил 17,1 милиони долари однапред за оружјето што американската компанија требало да го набави во Србија. Сепак, ОТЛ никогаш не ја испорачала стоката ниту ги врати парите, тврдат Украинците.

Еден од најголемите случаи е оној поврзан со Вил Сомериндајк, поранешен брокер со контроверзно минато, кој ја водел компанијата Регулус Глобал, која склучила договор со Украина вреден 1,7 милијарди долари, но не ги исполнил своите обврски, тврди украинската страна.

Регулус тврдел дека е во можност да набави десетици илјади артилериски гранати што ѝ беа итно потребни на Украина за оружје компатибилно со системот на НАТО. Компанијата, основана во 2012 година, се специјализирала за пронаоѓање и транспорт на стари залихи на оружје, особено за време на војната во Сирија, кога соработувала со Пентагон. Сепак, украинската страна тврди дека компанијата сè уште должи милиони долари аванси. Регулус, од друга страна, тврди дека ситуацијата е обратна, односно дека украинската страна им должи 300 милиони долари.

Како дел од истрагата за огромни нерегуларности, стана познато дека Украина успеала да набави дел од оружјето преку Судан, и дека конечниот продавач од другата страна биле актери поврзани со руската платеничка мрежа Вагнер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ