Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „ѝ ги крши коските“ на иранската моќ од почетокот на заедничката офанзива предводена од Соединетите Американски Држави, но дека таа „сè уште не е завршена“.
Се очекува дека израелската офанзива против Хезболах, почната откако шиитското движење исука ракети во северен Израел минатата недела, ќе трае барем колку што траеше воената кампања против Иран, а би можела да продолжи дури и по евентуалното примирје со Техеран, според Фајненшл тајмс.
Целта е да се нанесе доволно штета на Хезболах за да се отстрани заканата за жителите на северен Израел, од кои некои беа евакуирани за време на претходните конфликти.
Израелската војска ги засили воздушните напади во Либан, предизвикувајќи најголемо раселување на либански цивили од војната во 2024 година.
Израел го зајакна и своето воено присуство по должината на границата и сега зазема неколку позиции на либанска територија, додека спроведува напади подлабоко во Либан, но голем дел од израелските воздухопловни сили остануваат посветени на војната против Иран.






