четврток, 11 декември 2025

Фајненшал тајмс: Американскиот мировен план не вклучува повлекување на руските сили од Донбас на истокот на Украина

Најновите американски предлози за мировен план за Украина не вклучуваат барање Русија да ги повлече своите сили од регионите Доњецк и Луганск, кои би ја формирале источната граница на потенцијална демилитаризирана зона, објави денес британскиот весник Фајненшл тајмс, повикувајќи се на висок украински функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според неименуваниот функционер, планот што се дискутира не повикува на повлекување на Русија, туку инсистира украинските сили да ги напуштат своите позиции во регионот Доњецк.

Првичниот план од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп предвидуваше создавање „неутрална и демилитаризирана тампон зона“ по повлекувањето на украинските сили од Донбас.

Украинските претставници вклучени во преговорите изјавија дека Вашингтон се залага за механизам сличен на демилитаризираната зона која ги одделува двете Кореи повеќе од седум децении, објави британскиот весник.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека таков механизам ризикува да го замрзне конфликтот и да ѝ даде време на Москва да се прегрупира пред евентуална нова офанзива.

Претседателот Зеленски неодамна изјави дека украинските, европските и американските советници за национална безбедност ја завршиле својата работа на предложениот мировен план.

Овие документи, кои треба да послужат како основа за иден договор, моментално се подготвуваат во рамките на трилатералните разговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ