Кивалис, со седиште во Амстердам, е поддржан од банките БНП Парибас, ИНГ, Данска банк и седум други финансиски организации, а целиот проект ќе биде под надзор на холандската централна банка и ќе работи во согласност со новата регулатива на ЕУ за криптовалути (МИЦА), објавува ЕУ обзервер.
Се очекува новата криптовалута да биде претставена во втората половина од следната година, но засега не е јасно дали ќе биде достапна за граѓаните или само за финансиските институции и институционалните инвеститори, објави Танјуг.
„Европскиот стејблкоин не е само практично решение, туку и прашање на монетарната автономија во дигиталната ера“, изјави новоназначениот извршен директор на Кивалис, Јан Оливер Сел.
Стејблкоините се дигитални валути врзани за реален имот, како што се државна валута или стоки, што треба да ги намали флуктуациите на нивната вредност на пазарот.
Во моментов, околу 70 проценти од сите стејблкоини се врзани за американскиот долар и тие претставуваат дури 99 проценти од вкупната пазарна вредност во овој сегмент.
Уште во октомври европските министри за финансии разговараа за улогата на стејблкоините во финансискиот систем и забележаа дека традиционалните институции се сè повеќе заинтересирани за овој вид средства.
Сепак, студијата на Европскиот парламент од јуни укажува на резервиран став на експертите кон новата технологија. Тие не очекуваат стејблкоините да го потресат постојниот финансиски систем во скоро време и дури изразија страв дека европската стабилна монета би можела да ја потресе довербата во еврото поради лошата репутација на пазарот на криптоимотот во некои кругови.






