понеделник, 22 декември 2025

Европскиот совет ги продолжи економските санкции против Русија за уште шест месеци

Европскиот совет денес ги продолжи санкциите против Русија, воведени поради нејзиното континуирано дејствување за дестабилизација на состојбата во Украина, за уште шест месеци — до 31 јули 2026 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овие економски мерки, првпат воведени во 2014 година, беа значително проширени од февруари 2022 година како одговор на руската со ништо непредизвикана, неоправдана и нелегална воена агресија против Украина“, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

Како што се посочува, рестриктивните мерки во моментов опфаќаат широк спектар области, вклучувајќи ограничувања во трговијата, финансиите, енергетиката, технологијата, стоки со двојна намена, индустријата, сообраќајот и луксузните добра.

Тие исто така се однесуваат на увозот или трансферот на нафта што се превезува по морски пат и одредени нафтени производи од Русија во ЕУ, исклучување од СВИФТ на неколку руски банки, како и суспензија на радиодифузните активности и дозволите во Европската Унија за неколку „медиуми за дезинформации поддржани од Кремљ“. Дополнително, конкретните мерки ѝ овозможуваат на ЕУ да се спротивстави на заобиколувањето на санкциите.

„Сè додека нелегалните дејствија на Руската Федерација продолжуваат да ги кршат основните правила на меѓународното право, особено забраната за употреба на сила, соодветно е да останат во сила сите мерки што ги воведе ЕУ и да се донесат дополнителни мерки доколку е потребно“, се наведува во соопштението.

ЕУ од 24 февруари 2022 година воведе вкупно 17 пакети санкции како одговор на руската инвазија врз Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ