понеделник, 8 декември 2025

Европскиот парламент усвои резолуција замрзнатиот руски имот да се употреби за кредит за Украина

Европскиот парламент ја повика Европската Унија да го искористи сиот замрзнати руски имот како основа за обезбедување кредит за Украина, пренесува РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот парламент го повторува својот повик до земјите членки, заедно со нивните партнери од Г7, веднаш да го поддржат предлогот на Европската комисија за користење на сите замрзнати руски средства како основа за обезбедување значителен грант и заем за Украина, чија отплата е условена од идната исплата на воени репарации од страна на Русија“, се наведува во резолуцијата.

Европската комисија претходно предложи со рускиот имот да се финансира кредит за Киев во износ од 140 милијарди евра, пренесе Политико, повикувајќи се на документ на ЕК.

Москва повеќе пати го нарече замрзнувањето на имотот кражба, истакнувајќи дека Европската унија ги таргетира не само приватните средства, туку и државните средства.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно изјави дека постапките на Западот во врска со замрзнатите руски средства претставуваат опасен преседан за глобалниот финансиски систем и се елементи на хибридна војна против Русија.

По почетокот на конфликтот во Украина земјите од ЕУ и Г7 замрзнаа речиси половина од девизните резерви на Русија, износ проценет на околу 300 милијарди евра. Повеќе од 200 милијарди евра се во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ