среда, 21 јануари 2026

Европскиот парламент одобри заем од 90 милијарди евра за Украина

Европскиот парламент денес даде согласност за примената на постапката за засилена соработка, со што се отвора патот за заем од Европската Унија за Украина во износ од 90 милијарди евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заемот беше политички договорен на самитот на Европската Унија во Брисел на 18 декември 2025 година, а Европската комисија формално го презентираше на 14 јануари оваа година. Бидејќи Чешка, Унгарија и Словачка не ја поддржуваат оваа иницијатива, договорот беше постигнат со користење на механизмот за засилена соработка.

Тоа е инструмент предвиден во Договорите за Европската Унија, кој им овозможува на група земји членки да ја продлабочат соработката во одредени области кога нема едногласна поддршка за ова на ниво на целата Унија. За негова примена е потребна согласност од Европскиот парламент.

Парламентот ја донесе одлуката со 499 гласови „за“, 135 „против“ и 24 „воздржани“. Пратениците еден ден претходно веќе одлучија да ја забрзаат постапката за разгледување на заемот и поврзаните законски предлози. Следниот чекор е да се постигне конечен договор во редовната законодавна постапка помеѓу Парламентот и Советот на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ