петок, 19 декември 2025

Европскиот парламент го тужи советот на ЕУ поради програмата за заеми за одбраната

Европскиот парламент одлучи да го тужи Советот на ЕУ откако беше исклучен од дискусиите за големата програма за заеми за одбраната САФЕ, објави медиумската служба на Парламентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Незадоволството на Парламентот е предизвикано од фактот што Европската комисија, во својата желба брзо да ја стимулира европската одбранбена индустрија и вооружувањето на членките на Европската Унија, активираше итна постапка и го заобиколи Парламентот.

„На 20 август, Парламентот поднесе барање до Судот на правдата за поништување на регулативата САФЕ“, изјави прес-службата на Парламентот за бриселскиот портал Еурактив.

Одбранбената програма САФЕ, која се однесува на поддршка за набавка на муниција и опрема, е вредна 150 милијарди евра. Таа беше усвоена од Советот на ЕУ во мај преку вонредната постапка предвидена во член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ.

Тој член дозволува донесување одлуки во кризи без обемни парламентарни дебати. Така, Парламентот беше исклучен од дискусијата, што ги налути европратениците.

Парламентот, како што наведува, ја поддржува идејата и целите на програмата САФЕ, но исто така истакнува дека употребата на член 122 била процедурално неправилна.

„Употребата на член 122 како правна основа за САФЕ, според мислењето на Парламентот, била процедурално неправилна и едноставно непотребна. Тоа го поткопува демократскиот легитимитет во очите на јавноста и нема парламент во светот што би го прифатил тоа“, коментираше Европскиот парламент за Еурактив.

Во тужбата, Парламентот бара признавање на прекршувањето на постапката, но не и суспендирање на програмата. Затоа, САФЕ ќе продолжи до конечната одлука на судот.

Програмата САФЕ е дел од пошироката стратегија на ЕУ за зајакнување на одбранбените капацитети до 2030 година. Таа предвидува поволни заеми за инвестиции во производство на оружје, вклучително и за потребите на Украина.

Според медиумите, побарувачката за овие заеми од страна на 18-те земји-членки на ЕУ кои поднеле барања значително ги надминала доделените 150 милијарди евра.

Се очекува прашањето за финансирање, како и потенцијалното проширување на програмата, да бидат дискутирани на претстојните состаноци на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и членките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ