среда, 25 февруари 2026

Европската комисија сака да го укине роамингот за Западен Балкан

Европската комисија денес предложи отворање преговори со шесте земји од Западен Балкан за укинување на надоместоците за роаминг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неочекувано високите сметки за услуги за користење мобилни телефони се нешто што повеќе го немаме во рамките на Европската Унија и „денес предлагаме тие да се прошират и на Западен Балкан“, изјави комесарката за проширување Марта Кос.

Откако ќе се склучат договорите со секој од партнерите и целосно ќе се усогласат со правилата за роаминг на ЕУ, луѓето што патуваат помеѓу ЕУ и Западен Балкан ќе можат да остваруваат повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци без дополнителни трошоци за роаминг.

Сега Советот на ЕУ треба да ѝ даде мандат на Комисијата да отвори преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Откако ќе добие мандат, Комисијата ќе преговара за билатерални договори со секоја од овие земји.

Роамингот во рамки на Европската Унија беше официјално укинат на 15 јуни 2017 година и оттогаш корисниците плаќаат за повици, СМС-пораки и мобилни податоци по исти цени како во нивната матична земја додека патуваат во рамките на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ