недела, 7 декември 2025

Европската централна банка: Дигиталните валути би можеле да ги вшмукаат депозитите од банките

Дигиталните валути би можеле да ги вшмукаат вредните депозити на граѓаните од банките во еврозоната, а зголеменото купување би можело да има далекусежни последици за стабилноста на глобалниот финансиски систем, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одредени издавачи ги врзуваат своите дигитални пари за стандардни валути како што се доларот или еврото, но исто така и за стоки како што се златото и среброто и за финансиски инструменти со цел да избегнат ненадејни флуктуации во нивната вредност.

Ваквите дигитални валути, таканаречените „стабилни монети“, се сè попопуларни и нивната пазарна вредност сега надминува 280 милијарди долари. Износот е релативно скромен но значаен бидејќи нивните издавачи се меѓу главните купувачи на американски државни обврзници, забележува Ројтерс.

Во средината на јули американскиот претседател Доналд Трамп го пропиша „Законот за генијот“ за издавачите на такви валути да бидат 100 проценти покриени со ликвидни средства како што се доларите или краткорочните државни обврзници и месечни извештаи за составот на резервите.

Според Белата куќа, законот ќе „генерира зголемена побарувачка за американскиот долг и ќе го зацврсти статусот на светска резервна валута на доларот“.

И група европски банки, вклучувајќи ги италијанската Уникредит и австриската Рајфајзен банк интернешнал, објавија основање компанија која ќе издава криптовалута „деноминирана во евра“ и покриена со традиционални финансиски средства.

Воведувањето криптовалута поддржана од традиционални средства и „деноминирана во евра“ е планирано за втората половина од 2026 година, и ќе биде во согласност со регулативите на ЕУ за пазарите на крипто средства (МИКА) и ќе овозможи брзи и евтини плаќања 24 часа на ден, изјави во таа пригода портпаролот на германската Декабанк.

Во својот преглед на финансиската стабилност ЕЦБ денес истакна дека целта на издавањето вакви дигитални валути е да се зачува вредноста и да се олеснат прекуграничните плаќања.

Тие всушност се користат за купување крипто-средства, предупреди ЕЦБ, истакнувајќи дека околу 80 проценти од трансакциите на централизираните платформи за тргување со криптовалути низ целиот свет вклучуваат дигитални средства.

„Забрзаната експанзија на стабилните монети би можела да го поттикне одливот на депозитите на граѓаните, што би го намалило важниот извор на финансирање за банките и би ги оставило на генерално помалку стабилно финансирање“, смета ЕЦБ.

Главниот ризик е евентуалниот наплив на инвеститори, бидејќи компаниите зад двете водечки стабилни монети се меѓу најголемите сопственици на хартии од вредност на американската влада, а нивните резерви на средства можат да се споредат со оние на 20-те најголеми парични фондови.

Доколку инвеститорите одлучат да ги заменат ваквите криптовалути за пари на краток рок, компаниите-издавачи би можеле да бидат принудени да ги продадат резервните средства на краток рок, што пак би можело да влијае на функционирањето на пазарите на американски државни обврзници, објаснува ЕЦБ.

Нивната „навала на шалтерите“ би можело да влијае и на еврозоната, поради построгите европски регулативи, ако  одлучат да бараат спас во дигиталните пари кои на крајот би ги издале заеднички Европската Унија и компаниите од други земји.

Во тој случај, резервите на издавачите во ЕУ, под надзор на европските власти, можеби нема да бидат доволни за покривање на евентуални барања за „исплата“ на сопствениците на дигитални валути од Унијата и оние надвор од неа, што пак би го зголемило ризикот од „навала на шалтерите“ во ЕУ, објаснува ЕЦБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ