Целта на платениците, меѓу кои имало и поранешни членови на Француската легија на странци, бил водач на албанска мрежа за трговија со дрога. Се верува дека тој ја организирал кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра, а киднапирањето требало да биде одмазда. Платениците сеа летонски државјани, високо обучени и опремени со професионална опрема за извршување на задачата.

За време на координираната акција четири лица биле уапсени во Данска, Франција, Летонија и Обединетото Кралство. Уште двајца осомничени се уапсени претходно, во октомври 2014 година во Германија, и оттогаш се осудени. Европол одиграл клучна улога во истрагата, овозможувајќи размена на информации и оперативна координација. На денот на акцијата, експерт на Европол бил во Ница за да им помогне на истражителите на терен во реално време со вкрстена проверка на податоците.
Истрагата открила дека некои од осомничените се поранешни војници на Француската легија на странци, што укажува на алармантен тренд поврзан со војната во Украина. Европол предупредува дека војници обучени за борба – вклучувајќи Украинци обучени од американските сили, легионери и руски платеници – се враќаат од бојното поле и ги користат своите вештини за потребите на организираниот криминал.






