недела, 14 декември 2025

Европа рапидно се вооружува, фабриките за оружје се шират побрзо од кога било

Европските фабрики за оружје се шират три пати побрзо отколку пред ескалацијата на конфликтот во Украина, пишува Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според анализата на медиумот, активноста во европските фабрики за оружје сега укажува на „повторно вооружување од историски размери“.

Студијата опфатила 150 локации во 37 компании, со најголем раст на фабриките за муниција и ракети. Околу една третина од прегледаните локации покажале проширување или изградба, додека Европа „се подготвува за војна“, се наведува во извештајот.

Меѓу компаниите што го водат проширувањето се германски Рајнметал, кој гради фабрика во Унгарија, и МБДА во Германија за производство на противвоздушни системи „патриот“. Фабриката Конгсберг во Норвешка се отвори во 2024 година.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на создавање на „најсилната армија во Европа“, додека неговиот министер за одбрана Борис Писториус го поддржа повторното воведување на задолжителната воена обврска.

Москва, од друга страна, ја осуди „неодговорната милитаризација“ на Западот, повторувајќи дека нема намера да нападне земја од НАТО или Европската Унија. Таа кажа дека ваквите западни тврдења се „апсурдно ширење паника“ со цел да се оправда зголеменото воено трошење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ