„Државите членки не се обединети околу прашањето за санкциите против Додик“, кажа Кос.
Таа истакна дека е „тешко да се има работа со некој кој не работи во најдобриот интерес на својата земја – Босна и Херцеговина“ и нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и уставен поредок.
„и тоа е една од причините зошто уште не сме во можност да ги отвориме преговорите со БиХ, иако БиХ има статус на кандидат, но поради внатрешната политичка ситуација не можат дури ни да именуваат главен преговарач“, кажа Кос.
Таа додаде дека власта во БиХ „не е во состојба ни да ја стави на хартија агендата за реформи која би овозможила да добијат милијарда евра од Планот за раст на ЕУ“.
Кос оцени дека, кога станува збор за преговарачкиот процес, гледа надеж во опозицијата во РС.
„Засега постојат некои светли точки, а тоа е дека постои опозиција во РС, која станува поконструктивна, и тоа би можело да биде пробив за преговарачкиот процес“, заклучи еврокомесарката.