На новинарско прашање дали Додик ќе биде соговорник на ЕУ во барањето решение за БиХ, Кос кратко одговори: „Нема“.
Таа истакна дека Додик со своето дејствување го кочи европскиот пат на БиХ и дека поради тоа не може да биде релевантен партнер во процесот на европските интеграции.
„Станува збор за политичар со сецесионистички тежнеења, кој е против европските интеграции, не го почитува поредокот воспоставен со Дејтонскиот договор и си присвојува права кои не му припаѓаат“, кажа Кос.
Според неа, ЕУ настојува да најде начин како БиХ од моменталната состојба да се префрли на пат кон Брисел, но дека тоа подразбира клучни реформи и стабилизација на приликите во земјата.
Оцени дека во РС „повеќе од педесет отсто од граѓаните ја поддржуваат европската перспектива на БиХ, и покрај реториката на Додик“.
Европската комесарка кажа дека моменталната ситуација во БиХ е исклучително напната, оценувајќи дека Додик со своите постапки дополнително ги дестабилизира приликите во земјата.
ЕУ, како што оцени Кос, ќе продолжи да работи на тоа БиХ што побрзо да ги исполни условите за почеток на преговорите и да го зацврсти својот европски пат., но без соработка со политичари кои активно работат против таа цел.