петок, 13 март 2026

Еврокомесарката Кос се соочува со нови обвинувања дека соработувала со југословенската тајна полиција

Комесарката за проширување на Европската Унија Марта Кос се соочува со нови обвинувања дека соработувала со југословенската тајна полиција во 1980-тите, откако пратеничка на Европскиот парламент изјави дека има нови докази, пишува денес бриселскиот портал Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинувањата, кои се појавија за време на сослушувањето за потврдување на словенечката комесарка во Европскиот парламент во 2024 година и кои Кос тогаш ги негираше, повторно се појавија пред изборите во Словенија на 22 март, со поддршка на партијата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Словенечката европратеничка Романа Томц, потпретседателка на централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП) – најголемата парламентарна група во ЕП – објави во четвртокот дека пишала до ЕК тврдејќи дека има нови докази дека Кос соработувала со југословенската разузнавачка служба и побарала истрага.

Томц изјави за Политико дека Кос не била искрена кога „тврдела дека не соработувала со тајната служба… Мораме да направиме нешто со тие информации“.

Портпарол на ЕПП изјави: „Романа Томц детално ја информираше групата на ЕПП за најновите откритија во врска со комесарката Марта Кос. Групата внимателно ќе го разгледа ова прашање. Засега, забележуваме дека комесарката Кос не ги негираше овие нови откритија. Топката сега е кај неа“.

Кос не одговорила на барањата на Политика за коментар.

Но, функционер на ЕК кажал дека Кос „поминала низ обемна и темелна проверка“ за да стане комесарка, додавајќи дека ЕП „го одобрил назначувањето на комесарката Кос во истиот процес како и сите 27 комесари“.

Еден функционер близок до кабинетот на комесарката, кој побарал да остане анонимен за да разговара за чувствителните обвинувања, за Политико изјавил: „Таа (Кос) е многу свесна дека политичките противници ќе го искористат ова за да освојат политички поени на словенечките избори, но е целосно фокусирана на својата работа како комесарка за проширување“.

Кос во понеделник ќе се појави пред Комитетот за надворешни работи на ЕП за да разговара за проширувањето и се очекува да се соочи со прашања во врска со обвинувањата.

Во вторникот на Европскиот парламент во Стразбур, Томц презентираше книга од словенечкиот автор Игор Омерза со документи за кои велат дека докажуваат дека Кос работела за југословенската разузнавачка служба.

Прашањата кои словенечката европратеничка ги упати до ЕК вклучуваат дали извршната власт на Европската унија има намера да ги истражи тврдењата против Кос и дали новите откритија би можеле да влијаат на „кредибилитетот“ на комесарката.

„Никогаш не сум била соработник или информатор на тајната служба на Југославија“, им кажа Кос на европратениците на нејзиното сослушување во 2024 година, нарекувајќи ги обвинувањата „лаги“ и „дезинформации“.

Словенија оди на избори подоцна овој месец, на кои владејачката левичарско-либерална коалиција, на која претходно припаѓаше Кос, се соочува со десничарската Словенечка демократска партија, на која припаѓа Томц. Таа партија моментално води на анкетите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ