сабота, 12 јули 2025

Еврејски доселеници нападнале израелски војници

Израелската војска (ИДФ) уапсила шест еврејски доселеници во окупираниот Западен Брег.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ИДФ тврди дека забележале доселеници како се движат кон забранета воена зона во близина на палестинското село Кафр Малик, каде што пред неколку дена палеле палестински куќи и возила. Овој пат доселениците вербално и физички ги нападнале израелските војници.

Покрај тоа, доселениците ги вандализирле и оштетиле возилата на израелските безбедносни сили. Според прелиминарната истрага на ИДФ, војниците испукале три истрели во воздух за да ги смират немирите. Шестмина осомничени се уапсени и предадени на полицијата.

„ИДФ и израелската полиција го осудуваат секој чин на насилство врз безбедносните сили и ќе дејствуваат решително против секој обид да се наштети на безбедносниот персонал кој ја извршува својата должност да ги заштити израелските граѓани“, се вели во соопштението на ИДФ.

Повеќето израелски политичари ги осудија нападите на доселениците врз израелските безбедносни сили. Премиерот Бенјамин Нетанјаху повика на темелна истрага и оние што ги нападнале безбедносните сили да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Овие лица се мало малцинство кое не го претставува огромното мнозинство доселеници кои ги почитуваат законите и служат во ИДФ и безбедносните сили“, кажа Нетанјаху.

Опозицискиот лидер Јаир Лапид кажа: „Екстремистите кои напаѓаат членови на ИДФ се опасни криминалци и им помагаат на нашите непријатели“.

Министерот за финансии Безалел Смотрич порача дека треба да има „темелна истрага“ за тоа дали ИДФ пукала врз доселениците, што тој го опиша како „забранета и опасна црвена линија“ што не смее да се премине.

„ИДФ и доселениците се едно исто. Секој што крева рака против војниците на ИДФ се бори против движењето за населување, а не за него. Во исто време, пукањето врз Евреите е неприфатливо и опасно“, додаде тој.

Во петокот, Набил Абу Рудеине, портпарол на претседателството на Палестинската самоуправа, кажа дека нападите врз доселениците се дел од планот на „екстремистичката десничарска влада“ на Израел да го вовлече Западниот Брег во поголем конфликт.

Кон крајот на мај, Израел одобри масовно проширување на населбите во окупираниот Западен Брег, потег што беше критикуван како фактичка анексија на големи делови од територијата.

Израел планира да воспостави 22 нови населби, вклучувајќи некои длабоко во Западниот Брег и области од кои земјата претходно се повлече. Израелските населби во окупираниот Западен Брег, како и во Источен Ерусалим и окупираната Голанска Висорамнина, се нелегални според меѓународното право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ