понеделник, 15 декември 2025

Евреи на авионски лет добиле ручек со натпис Слободна Палестина: „Ова е антисемитизам“ (ФОТО)

Еврејски патници кои на лет на шпанската авиокомпанија Иберија нарачале оброци добиле послужавници со оброци со натпис „Слободна Палестина“, објави денес Федерацијата на аргентински еврејски здруженија (ДАИА), а компанијата ги потврди тврдењата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил на летот ИБ0102, на кој патниците летале од Буенос Аирес до Мадрид вчера напладне, објави ДАИА, осудувајќи го она што го нарекоа „сериозен чин на антисемитизам“.

Здружението објави фотографија од пораката на својата интернет страница.

На неа се гледа дека за време на летот, кој слетал во шпанската престолнина во вторник наутро, на еден од патниците му бил послужен оброк на амбалажата чие пакување со хемиско пенкало била напишана пораката „Слободна Палестина“.

„Други еврејски патници исто така добиле идентични послужавници“ со истата порака, објави организацијата, додавајќи дека „контактирала со службеници на авиокомпанијата, барајќи од нив објаснување и итна акција“ во врска со овој „дискриминаторски чин“.

Во соопштението, Иберија потврди дека се случил инцидентот, објаснувајќи дека започнала „темелна истрага, и внатрешна и во која се вклучени надворешните добавувачи одговорни за услугата за делење оброци, со цел да се разјаснат фактите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ