среда, 11 јуни 2025

ЕУ воведува нов систем на границите: се укинуваат печатите во пасошите, странците ќе се фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулатива за постепено воведување на Системот за влез/излез (ЕЕС), електронски систем што ќе овозможи конечно укинување на печатите во пасошите. Овој договор сега треба формално да биде потврден од двете законодавни институции. Потоа, Комисијата треба да донесе посебна одлука за почетокот на постепеното воведување на ЕЕС. Транзицискиот период ќе трае шест месеци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ЕЕС е заеднички електронски систем кој ќе евидентира и складира информации за датумот, времето и местото на влез и излез на државјани на земји кои не се членки на ЕУ кои ги преминуваат границите на ЕУ, со што дефинитивно се укинува ставањето печат во пасошите.

Автоматски ќе се пресмета времетраењето на дозволениот престој на овие државјани на трети земји и ќе се издава предупредувања до земјите-членки на ЕУ за истекот на периодот на дозволен престој. Планирано беше ЕЕС да започне да се применува уште во ноември минатата година, но беше одложенo бидејќи не сите земји беа подготвени за имплементација. Затоа, Комисијата предложи постепено да се започне со имплементација на системот.

ЕЕС ќе се применува на лица на кои им е потребна виза за краток престој и на оние кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ кои се ослободени од обврската за поседување виза.

Во првите два месеци, земјите-членки би можеле да го применуваат системот без употреба на биометриските податоци, а по три месеци, ЕЕС треба да се примени и со биометриски податоци на најмалку 50 проценти од граничните премини. Целосната примена на системот, односно регистрацијата на сите патнички премини, треба да следи до крајот на преодниот период. Во текот на преодниот период, ставањето печати во пасошите ќе продолжи.

Според овој нов систем, службениците за гранична контрола ќе ги скенираат отпечатоците од прстите на лицата што за прв пат ја преминуваат границата или ќе ги фотографираат тие лица. Овие информации ќе бидат складирани во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој влегува во Шенген зоната со странски пасош и кој престојува подолго од дозволените 90 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ