понеделник, 15 декември 2025

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Европската комисија (ЕК) верува дека трговскиот договор со Соединетите Американски Држави е „на дофат“, но е подготвена да примени контрамерки во случај на неуспех, изјави денес извршниот портпарол на ЕУ, Олоф Гил.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„ЕУ продолжува со интензивните преговори со САД за царините и е фокусирана на наоѓање договорено решение за кое верува дека е достапно“, рече Гил.

Но, во исто време, подготвено е да одговори со контрамерки на 7 август доколку е потребно, додаде тој.

Во четврток, земјите-членки го одобрија предлогот на ЕК за контрамерки во вредност од 93 милијарди евра, кои би се имплементирале на 7 август во случај преговорите со американската страна да не завршат со договорено решение.

Членовите одобрија список на американски производи за кои ќе се плаќа царина во вредност од 72 милијарди евра. Претходно беше усвоен список на производи во вредност од 21 милијарда евра.

Во моментов, на сила е основна царина од 10 отсто за европските производи што се извезуваат во САД, со 25 отсто царина за автомобили и 50 отсто за алуминиум и челик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ