сабота, 12 јули 2025

ЕУ: Србија ќе може да увезува руски гас преку Бугарија, но не смее да ѝ го дава на Унгарија

Предлог указот на Европската Унија за постепено откажување од увозот на руски гас не се однесува на трети земји, што значи дека, на пример, Србија ќе може да увезува руски гас преку Бугарија, но тој гас не смее да заврши во Унгарија, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Каиса Итконен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Уредбата за забрана на увоз на руски гас се однесува и се применува само во земјите членки, тоа значи руски гас наменет за земјите членки, но не и за трети земји“, истакна Итконен на прес конференција.

„И кога велиме дека регулативата, на пример, не се однесува на Србија, тоа значи дека Србија може да увезува руски гас за свои потреби, но ако тој гас продолжи кон Унгарија, тогаш е опфатен со регулативата и унгарските царински органи мора да проверат дали тој гас е од руско потекло или не“, додаде таа.

Планот е целосно да се прекине увозот на руска нафта до крајот на 2027 година.

Во вторникот, Комисијата предложи регулатива според која увозот на руски гас врз основа на нови договори ќе биде забранет од 1 јануари 2026 година. Гасот увезен според краткорочни договори ќе биде запрен до 17 јуни 2026 година, освен за гасот транспортиран преку гасовод до земјите без излез на море.

Предложената регулатива предвидува постепено укинување на гасот преку гасовод и течниот природен гас (ЛНГ) кој потекнува од Руската Федерација или се извезува директно или индиректно од Руската Федерација.

Исто така, презентира мерки за олеснување на целосното прекинување на увозот на руска нафта до крајот на 2027 година. Земјите членки ќе треба да презентираат планови за диверзификација со прецизни мерки и пресвртници за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта.

Според планираната постепена забрана за увоз, увозот на руски гас според нови договори ќе биде забранет од 1 јануари 2026 година. Увозот според постојните краткорочни договори ќе биде запрен до 17 јуни 2026 година.

Како концесија за Унгарија и Словачка, Комисијата предлага увозот на гас преку гасоводи во земјите без излез на море со долгорочни договори да продолжи до крајот на 2027 година, кога треба целосно да се сопре.

До 1 март следната година, земјите членки ќе мора да ги направат своите национални планови за тоа како планираат да го прекинат увозот на руска нафта до крајот на 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ