понеделник, 8 декември 2025

ЕУ се подготвува дополнително да го заостри визниот режим за Русите

ЕУ се подготвува дополнително да го заостри издавањето визи за руските граѓани, што во повеќето случаи значи прекин на издавањето повеќекратни Шенген-дозволи, рекле тројца европски претставници за бриселскиот весник Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е уште еден чекор во напорите на ЕУ да ја казни Москва за војната во Украина, што ефикасно значи дека на Русите најчесто ќе им се издаваат визи само за еден влез во Унијата.

Исклучок ќе бидат визите од хуманитарни причини или за оние што имаат и државјанство на ЕУ.

Брисел веќе го отежна и го поскапе издавањето визи за Русите откако го суспендираше договорот за олеснување на визниот режим со Москва на крајот на 2022 година, по руската агресија во Украина.

Некои земји-членки на ЕУ, како што се балтичките земји, отидоа подалеку со забрана или строго ограничување на влезот на Русите на нивните територии.

Сепак, Политико потсетува дека издавањето визи останува национална надлежност, што значи дека Европската комисија може да го отежни процесот, но не и да воведе целосна, сеопфатна забрана за руските посетители.

Според Комисијата, повеќе од половина милион Руси добиле Шенген визи во 2024 година, повеќе отколку во 2023 година, но многу помалку отколку пред војната во Украина – повеќе од четири милиони биле издадени во 2019 година.

Се вели дека Унгарија, Франција, Шпанија и Италија продолжуваат либерално да издаваат визи за руските граѓани.

Се очекува новите, построги правила за визи, како дел од пакетот мерки за намалување на бројот на Русите што влегуваат во ЕУ, формално да бидат усвоени и имплементирани оваа недела.

Одделно, како дел од 19-тиот пакет санкции за Русија, ЕУ планира да го ограничи движењето на руските дипломати со тоа што ќе бара од нив однапред да ги известат земјите ако патуваат низ Шенген зоната.

Комисијата, исто така, се подготвува следниот месец да објави нова стратегија за визи на ниво на ЕУ со заеднички препораки, вклучително и охрабрување на земјите-членки подобро да ги користат своите политики за визи против непријателските земји и примена на построги критериуми за Русите и граѓаните на други земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ