среда, 10 декември 2025

ЕУ попушта – државите членки можат да увезуваат руски гас, но само ако прогласат вонредна ситуација

Секоја земја од Европската Унија ќе може привремено да ја суспендира забраната за увоз на руски гас доколку прогласи вонредна состојба, произлегува од нацрт-регулативата на ЕУ, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Еден од клучните приоритети на Европскиот парламент беше отстранување на одредбата за суспензија. Сепак, како дел од општиот компромис, таа беше задржана и може да се активира од страна на Европската комисија доколку земја-членка на ЕУ прогласи вонредна состојба во согласност со Регулативата за безбедност на снабдувањето со гас“, се наведува во документот.

Се тврди дека ова ќе биде можно само за купувања по краткорочни договори и исклучиво „за решавање на кризата“.

„(Мерката) може да трае максимум четири недели, со можност за продолжување“, се наведува во текстот.

Притоа, Европската комисија ќе биде обврзана да го информира Европскиот парламент и Советот за воведувањето на суспензијата на забраната за увоз, како и за нејзиното евентуално продолжување.

На почетокот на декември земјите од Европската Унија постигнаа прелиминарен договор за забрана на увоз на гас од Русија: целосната забрана за купување течен природен гас ќе стапи на сила на крајот од 2026 година, а за гас од цевководи на есен 2027 година.

Според пресметките на агенцијата, целосното прекинување на увозот на руски гас би ја оставило ЕУ без повеќе од 17 проценти од вкупниот увоз. Компаниите кои ќе ја прекршат идната забрана ризикуваат казна од најмалку 40 милиони евра, 3,5 проценти од глобалниот промет или 300 проценти од планираниот промет по одредена трансакција.

Москва постојано порачува дека Западот направил сериозна грешка со одбивањето да купува руски енергенси: со тоа ќе стане уште позависен поради зголемувањето на цените, а купувањата ќе продолжат, но преку посредници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ