понеделник, 15 декември 2025

ЕУ парламентот: Во БиХ не смее да се повтори „грузиското сценарио“

Европскиот парламент усвои извештај за Босна и Херцеговина, во кој се бара да не се дозволи „грузиско сценарио“ во таа земја, се предупредува на „сецесионистичките закани“ на претседателот на Република Српска Милорад Додик и неговите врски со Русија, и се критикува српскиот претседател Александар Вучиќ за мешање во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот на чешкиот десничарски пратеник Онджеј Колар беше усвоен од пратениците со 495 гласови „за“ и 130 „против“. „БиХ не е земја за која не знаеме многу, но се преправаме дека ни е грижа за неа“, кажа Чехот во дебатата еден ден претходно.

„Тоа е бојно поле на хибридни операции, странско влијание и кампањи за дезинформации“, оцени тој. Колар „со таа мисла“ работел на извештајот, кој го поддржува европскиот пат на БиХ, но исто така повикува на спроведување на потребните реформи и 14-те приоритети поставени од Европската комисија.

Тој истакна дека во сегашниот геополитички контекст, Европската Унија мора да биде подготвена за потенцијален пад на поддршката за европска интеграција и да не дозволи таму да се случи „грузиското сценарио“. Властите на кавкаската земја, претходно прозападно ориентирани, го сопреа патот на таа земја кон ЕУ и донесоа неколку наводно проруски закони.

Во извештајот се зборува за „главниот интерес“ на Русија во ослабувањето и дестабилизирањето на Европа и нејзините сојузници, како и за заканата што ја претставува Милорад Додик како проруски лидер на Република Српска. Се осудува мешањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во внатрешните работи на БиХ, вклучително и преку неговата поддршка за нелегитимните активности на Додик.

Колар истакна во дебатата дека Босна и Херцеговина мора да го промени изборниот закон „кој сè уште е дискриминаторски“, да го измени уставот и да работи на независноста на судството. Корупцијата е сè уште широко распространета во Босна и Херцеговина, како и насилството врз жените, малцинствата и ранливите групи, оцени Чехот.

„За жал, присуството на Еуфор и НАТО е сè уште клучно за одржување на мирот и поддршка на реформите во Босна и Херцеговина“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ