среда, 18 март 2026

ЕУ одлучува за Гренланд како одговор на Трамп

Европската Унија намерава да ја удвои својата финансиска поддршка за Гренланд, изјави денес претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европа и Гренланд секогаш ќе бидат сигурни партнери еден на друг. Сакаме да ја продлабочиме нашата соработка. Затоа сакаме да ја удвоиме нашата финансиска поддршка за Гренланд“, објави таа на социјалната мрежа Икс.

Во март, по коментарите на претседателот Трамп за желбата да ја преземе контролата врз арктичкиот остров, Фон дер Лаен изјави дека Европската Унија секогаш ќе го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет.

Гренланд е автономна територија на Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ