Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, овие предупредувања од Европската Унија ги нарече „евронацизам“.
„Ако ова е вистина, тогаш евронацизмот се оживува пред нашите очи“, рече Захарова.
„Пред 80 години, фашистите на ист начин ги принудија оние што ги сметаа за граѓани од втор ред да се откажат од својата татковина, народ и религија“, објави таа на својот профил на Телеграм.
Руските државни медиуми објавија дека Александар Вучиќ ќе биде еден од странските великодостојници на настанот, како и дека Србија ќе учествува со воени единици и опрема на спектаклот на 9 мај. Како одговор, европските претставници го предупредија Вучиќ дека неговата посета ќе ги прекрши критериумите за членство во ЕУ и со тоа ќе ги загрози европските амбиции на Србија.
„Мораме јасно да им ставиме до знаење дека одредени одлуки имаат цена“, изјави Џонатан Всевиов, генерален секретар на естонското Министерство за надворешни работи. „Последицата е тоа што нема да влезат во Европската Унија.“
„Русите многу напорно се трудат да донесат странски гости… Ова ќе биде важен тест за нас. Во основа гледаме дали тие се на вистинскиот пат“.