Според нејзините зборови, ЕУ сака да ги укине мерките што беа воведени против Косово во 2023 година и да им помогне на косовските власти да продолжат по патот кон членството во Унијата.
„Комисијата во мај 2025 година ги презеде првите чекори кон постепено укинување на мерките што се во сила. Како што беше речено претходно, нашата цел е нивно понатамошно укинување. Го поздравуваме мирното предавање на локалната администрација во четирите северни општини и очекуваме новите претседатели на општините да ги претставуваат интересите на сите граѓани“, се наведува во нејзиниот одговор за Коха.нет.
Коха претходно извести дека ЕУ нема да ги укине мерките кон Косово ниту по предавањето на локалната власт на северот на претставниците на Србите што победија на изборите.
Според информациите на порталот, Франција и Италија, со поддршка на Шпанија, Унгарија и Словачка, на последниот состанок се спротивставиле на укинувањето на мерките што беа воведени кон Косово, а „најмалку 13 држави побарале нивно укинување“.
Според изјавите на некои европски дипломати за Коха, Европската комисија се „крие зад некои земји членки и води двојна игра“.






