„Европската комисија тоа го предложи во рамки на 18-от пакет санкции против Русија“, кажал Домбровскис и додал дека тој предлог планира да го изнесе на состанокот на министрите за финансии на членките на Г7 во Канада оваа недела.
Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен на 15 мај објави дека ЕУ, која тукушто го усвои 17-от пакет санкции против Русија, веднаш ќе почне да работи на новиот пакет.
Членките на Г7, Европската Унија и Австралија претходно воведоа горна цена на руската нафта која се превезува по море на 60 долари за барел, а потоа слични ограничувања стапија на сила на увозот на нафтени деривати од Русија.