недела, 7 декември 2025

ЕУ: Ќе биде исклучително комплексно да се обезбеди мир во Газа, ја продолжуваме мисијата

Европската Унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа Икс. „ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.

Калас го поздрави ослободувањето на израелските заложници кои Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.

„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, напиша таа на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ