„Нема да нагаѓаме во оваа фаза, но наш приоритет не се промени – тоа е обезбедување на силна позиција на Украина. продолжуваме да ја зголемуваме воената помош за Украина“, кажа Ел Ануни, одговарајќи на прашањето дали ЕУ и нејзините држави членки се спремни да ја преземат улогата на посредник во украинскиот конфликт откако Вашингтон најави дека ќе ги прекине напорите во таа насока.
Тој оддаде дека земјите од ЕУ веќе ветиле 23 милијарди воена помош оваа година, а и исполниле две третини од планот за испорака на муниција за оваа година.
Според него, дипломатските напори на ЕУ се насочени на „поддршка на правото на Украина на самоодбрана“.
Покрај тоа, Европската комисија очекува Украина, по склучувањето на договорот со САД за природните ресурси, да продолжи да го спроведува и веќе потпишаниот меморандум со Европската Унија од 2021 година за критично важните минерали, изјави денес портпаролката на Комисијата Леа Зубер.
„Според нашата прелиминарна проценка, договорот меѓу САД и Украина не е ексклузивен и нема да има последици по нашиот меморандум за разбирање од 2021 година. Украина може да соработува со ЕУ во оваа област, а ние радо би ја продолжиле таа соработка“, истакна таа.