вторник, 6 мај 2025

ЕУ и Кина разговараат за укинување на царините за кинеските електрични автомобили

Европската Унија и Кина почнаа преговори за укинување на царините за увоз на кинески електрични автомобили, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ се сретнал со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за време на посетата на Пекинг на крајот на март, а двете страни се договориле царинскиот спор со ЕУ да се реши преку преговори.

Европската Унија воведе царини за кинеските електрични автомобили (ЕВ) кон крајот на минатата година, објаснувајќи дека тие се неопходни за да се спротивстави на евтините кредити, земјиштето и суровини и другите субвенции. Целта не беше да се исклучат кинеските производители на автомобили, туку да се создаде рамнотежа на пазарот.

Европската комисија соопшти дека е подготвена да ги продолжи преговорите со Кина за алтернативи на царините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ