вторник, 16 декември 2025

ЕУ го повика Израел да ја запре офанзивата во градот Газа

Европската Унија денес го повика Израел да ја запре копнената инвазија на северна Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Офанзивата ќе доведе до поголемо уништување, повеќе смртни случаи и поголемо раселување“, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар Ел Ануни. „Тоа, исто така, ќе ја влоши веќе катастрофалната хуманитарна ситуација и дополнително ќе ги загрози животите на заложниците“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, утре ќе им презентира предлози на националните претставници за зголемување на притисокот врз Израел поради неговата воена кампања во Газа, објави агенцијата АП.

Минатата недела, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека ќе побара одобрение од земјите-членки на ЕУ за нови санкции против крајнодесничарските израелски екстремисти и делумно суспендирање на трговскиот договор со Израел.

Таа, исто така, изјави дека ќе ги замрзне милионите евра доделени на Израел од страна на извршното тело на ЕУ, за што нема да биде потребно одобрение од сите земји-членки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ