сабота, 3 мај 2025

ЕУ ги казни Епл и Мета со вкупна казна од 797 милиони долари

Европската Унија ги казни Епл и Мета со вкупно 700 милиони евра при првото спроведување на нејзиниот историски закон за дигитална конкуренција, објави Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Казните за прекршување на Законот за дигитални пазари доаѓаат во екот на нападите на администрацијата на Трамп врз ЕУ поради, како што смета, неправедното таргетирање на американските компании од страна на блокот.

Европската комисија, извршната власт на ЕУ, во средата соопшти дека ги казнила Епл и компанијата-родител на Фејсбук, Мета, со 500 милиони евра и 20 милиони евра.

Казните на ЕУ би можеле да ги зголемат тензиите со американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини против земјите што ги казнуваат американските компании, вели Ројтерс.

Казните следуваат по едногодишната истрага од страна на Европската комисија за тоа дали компаниите се придржуваат до Законот за дигитални пазари, кој е обид да им се дозволи на помалите ривали да влезат на пазарите доминирани од технолошките гиганти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ