недела, 18 мај 2025

ЕУ ѝ го укинува на Украина бесцаринскиот увоз

Европската комисија нема да го продолжи бесцаринскиот увоз на роба од Украина во Европската Унија по 5 јуни и истражува други опции за поддршка, изјави портпаролот на Европската комисија Олаф Гил во Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поентата е во тоа дека не планираме да го продолжиме овој механизам откако тој ќе заврши“, истакна тој.

Според него, ЕК во моментов работи на други мерки за поддршка на украинскиот земјоделски сектор.

Европската Унија го воведе бесцаринскиот режим за увоз на украинска роба на територијата на Унијата во 2022 година.

Претходно Фајненшал тајмс објави дека Украина стравува од сериозни последици ако договорот за бесцаринска трговија со ЕУ не се продолжи. Киев инсистира на продолжување на овие договори за да се избегне сериозна економска криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ