понеделник, 2 јуни 2025

ЕУ ѝ ги укинува сите санкции на Сирија

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Сирија, објави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија. Европската Унија секогаш стоела со Сиријците во последните 14 години и така ќе продолжиме“, порача Калас.

Одлуката за укинување на санкциите била договорена на состанок на амбасадорите на државите членки, а ја потврдиле министрите за надворешни работи кои денес се сретнале во Брисел. Минатата недела Соединетите Американски Држави ги укинаа санкциите против Сирија.

ЕУ воведе санкции против владата на урнатиот претседател Башар ал Асад. Станува збор главно за санкции против сирискиот банкарски систем и за забрана за продажба на оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ