петок, 23 мај 2025

ЕУ ѝ дава милијарда евра на Украина за воената индустрија од запленетите руски средства

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас објави денес во Лавов на западот на Украина дека ќе бидат деблокирани една милијарда евра за украинската воена индустрија, кои ќе бидат финансирани од каматите на руските средства замрзнати во Унијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тукушто деблокиравме милијарда евра за украинската одбранбена индустрија за Украина да може подобро да се брани“, кажа шефицата на дипломатијата на ЕУ за време на посетата на Украина.

Западот блокира околу 235 милијарди евра руски имот од почетокот на конфликтот во 2022 година, а поголемиот дел од тие средства се наоѓаат во Европа.

Во март Европската Унија одлучи да ги користи каматите од тие средства за да ја финансира помошта на Украина, што Москва го смета за кражба.

Шефот на француската дипломатија Жан Ноел Баро објави денес за време на собирот во Лавов дека Париз ќе употреби дел од приходите од замрзнатиот руски имот за одржување на своите топови „цезар“ испратени на Киев.

ЕУ се обидува да ја засили поддршката на Украина, особено од враќањето на Доналд Трамп во белата куќа во јануари, откако американскиот претседател жестоко ја критикуваше големата финансиска помош која на Украина ѝ ја даде неговиот претходник Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ