сабота, 20 декември 2025

Етиопија ја пушти во употреба најголемата хидроцентрала во Африка

Етиопија официјално ја пушти во употреба најголемата хидроцентрала во Африка, проект кој ќе обезбеди енергија за милиони Етиопјани, но исто така ќе ги продлабочи тензиите со Египет кој се наоѓа низводно, што го загрижува целиот регион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Етиопија е втората најнаселена земја во Африка со население од над 120 милиони и ја смета браната вредна 5 милијарди долари изградена на притока на реката Нил како централен столб на своите економски амбиции.

Браната се нарекува Големата етиопска ренесансна брана.

Моќноста на браната постепено се зголемува од 2022 година кога беше пуштена во работа првата турбина и денес го достигна својот максимален капацитет од 5150 мегавати.

Затоа таа е рангирана меѓу 20-те најголеми хидроцентрали во светот.

За споредба, таа има околу една четвртина од капацитетот на кинеската брана Три клисури, најголемата во светот.

Етиопските соседи лоцирани низводно го следат проектот со вознемиреност уште од почетокот на изградбата во 2011 година.

Египет, кој ја изгради браната Асуан на Нил во 1960-тите, се плаши дека етиопската брана би можела да го ограничи снабдувањето со вода за време на суши и да поттикне изградба на други брани низводно.

Жестоко се спротивставува на браната од самиот почеток, а се тврди дека ги крши договорите за користење на водата што датираат од британската колонијална ера. Каиро ја смета браната за егзистенцијална закана.

Египет, кој има речиси 108 милиони жители, зависи од Нил за речиси 90 проценти од потрошувачката на вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ