недела, 21 декември 2025

Естонија затвори пат преку руска територија поради присуство на руски војници

Естонија привремено затвори пат кој нејзините граѓани вообичаено го користат, а кој делумно поминува низ руска територија, откако министерот за внатрешни работи пријави присуство на група руски војници на тоа место, објави денес естонската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Естонската полиција и граничната полиција во петокот објавиле дека патот е затворен „откако граничната полиција забележала невообичаено голема единица што се движи на територијата на Руската Федерација“.

Естонскиот министер за внатрешни работи Игор Таро изјави дека руските војници повторно го напуштиле подрачјето. Тој додаде дека ситуацијата е мирна, но дека патот ќе остане затворен најмалку до вторник.

Естонската гранична агенција изјави дека затворањето на патот низ „Саатсе чизмата“ е неопходно за да се обезбеди безбедноста на естонските граѓани и да се спречат можни инциденти.

Саатсе чизма е мал дел од руската територија на југоистокот на Естонија, кој во форма на чизма влегува на естонската територија. Естонците и другите граѓани можат да поминат низ тој дел без посебна дозвола, но не им е дозволено да сопираат.

Естонските медиуми објавија дека руската единица броела околу десет војници. Иако патролите на руските граничари се вообичаени во областа, медиумите известуваат дека е невообичаено тие да стојат на средина од патот што го користат и Естонците.

Естонија е во состојба на зголемена готовност за можни руски упади откако три руски борбени авиони влегле во нејзиниот воздушен простор без дозвола минатиот месец и останале таму 12 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ